Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека нема место за паника во Србија за новиот корона вирус што се појави во Кина кон крајот на минатата година, а од кој починаа повеќе од 200 луѓе досега, но дека ќе биде зајакната контролата на српските гранични премини.
Лончар изјави дека српското Министерство за здравство е во контакт со Светската здравствена организација, но дека не стигнале некои позначајни препораки од Организацијата, како што е забрана за патување.
Сепак, министерот апелира до сите што живеат во Србија да не одат без итна потреба во областите каде што се појави корона вирусот, чии симптоми се висока температура, истоштеност и отежнато дишење.
Доколку тие веќе заминале или се вратиле од овие области во Србија и имаат какви било симптоми, министерот обрна внимание да се јават навреме на лекар и истакна дека контролата на граничните премини ќе биде засилена.