Микиќ: Мал е ризикот за ширење на корона вирусот во Македонија

Од:

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје вели дека патниците кои од Кина ќе влезат во државата, ќе добијат инфoрмации што да прават доколку имаат некои од симптомите на вирусот.

Микиќ вели дека постојат индиции за ограничени пренесувања на вирусот од човек на човек.

„Сè уште се испитува колкаво е значењето на овој начин на пренос бидејќи тоа повлекува други заштитни мерки. Нема потреба од паника и воведување посебни мерки. Комисијата заклучи дека ќе се изготват дополнителни информативни материјали и ќе ги доставиме до аеродромот во Скопје за патниците во смисла кои мерки треба да ги преземат оние што патуваат во Кина. Тие треба да избегнуваат пазари, каде што има диви и домашни животни, да избегнуваат блиски контакти со оние што имаат инфекција и, секако, доколку и тие самите имаат респираторна инфекција, да избегнуваат густо население. Сè уште нема информација дека вирусот лесно се шири од човек на човек“, вели Микиќ.

Статистиките покажуваат дека засега смртта е на пониско ниво, но, според Микиќ, прерано е да се коментира за ова прашање. Термалната камера на аеродромот во Скопје засега нема да биде вклучена, вели докторот, додавајќи дека таа мерка е многу малку ефикасна.

„Термалната камера се вклучува и се исклучува на аеродромот во таргетирани летови што доаѓаат од одредени градови. Само мал дел земји имаат воведено термален скрининг. Таа мерка не е многу ефикасна и не дава големи резултати. Во моментот сметаме дека нема никаква потреба да се вклучи оваа термална камера бидејќи имаме и други заболувања кои може да дадат слични симптоми. Ризикот за импортација во Македонија е многу мал. Европскиот центар за заразни болести го оценува ризикот за импортација како средно ниско“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Стартуваат превентивни мерки против коронавирусот, надлежните тврдат дека нема простор за паника

Ана Ололовска

Директорот на СЗО на пат кон Кина поради ширењето на новиот коронавирус

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ужасна треска: Симптомите на коронавирусот како од хорор филм

Ана Ололовска

Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена

Ана Ололовска

Почна развивањето на вакцина против новиот коронавирус

Ана Ололовска

Коронавирусот ги активира термалните камери на скопскиот аеродром, епидемиолозите уверуваат дека не се шири преку роба увезена од Кина

Кристијан Ландов