Србија по кратка постапка до датум за преговори?

Од:

Србија би можела по кратка постапка да дојде до датум за преговори за придружување на Европската Унија, пренесува „Блиц“. Тоа би знчело дека Европскиот совет ќе ја усвои таканаречената условна одлука Србија автоматски да отпочне преговори кога ќе ги исполни клучните критетиуми.

Оваа одлука би можела да биде донесена во декември, а до тогаш Брисел треба да ги дефинира приоритетните задачи за Србија.

Ваквата можност пред неколку дена му била пренесена на српскиот премиер Ивица Дачиќ при пресотојот во Брисел.

Условна одлука беше донесена и во случајот со Црна Гора, на која и беа поставени услови кои се однесуваа на владеењето на правото.

Критериумите за Србија сепак не се дефинирани, а сеуште не се знае дали Белград ќе го добие истото сценарио како Подгорица.

„Она што е извесно е дека критериумите кои Србија треба да ги исполни ќе се поврзани со Косово. Доколку се случи таа можност, задачите ќе се однесуваат на спроведување на постигнатиот договор на Белград и Приштина и видлив напредок во нивните односи.

– Меѓутоа засега не е извесно што се има во рамките на тие критериуми. Србија би добила услови, кога ќе се исполнат истите, се добива автоматски датумот без гласање“, наведува извор од српската влада.

Автоматското отпочнување на преговорите значи дека пресудни за датумот нема да бидат стандардите во разни области, туку исполнувањето на конкретната задача. Според проценките, ваков пат до датумот за преговори би бил не само знак на добра волја на ЕУ, туку и погодност за Србија.

Кога ќе се одредат критериуми, државите членки на ЕУ не можат да поставуваат нови услови, но ни различно да толкуваат што значи нормализација на односите со Приштина.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје