Канадската компанија „Avala Rasourses“, која ги истражува минералните жици во источна Србија, откри на територијата што ја испитува на планината Црн врв златни жици што содржат рудни резерви, со чија преработка може да се добијат 30 тони злато.
Со веќе претходно откриените резерви на истата планина, тоа прави вкупно 72 тони злато, јавија денеска српските медиуми.
„Во моментов се концентрираме на техничките и на економските аспекти од коишто ќе зависи процената дали овој рударски проект е изведлив“, изјавил претставник на компанијата за белградската агенција Бета.
Канадската компанија до крајот на 2012 година би требало да објави откривање на уште едно помало наоѓалиште на златна руда во истиот регион, пишува агенцијата.