Србија очекува и до 20.000 заразени дневно, ќе се разгледува препораката за петта доза на вакцина

Од:

Поради се поголемиот број на заразени со ковид во Србија, кој со денови се движи околу 4000 новозаболени, прогнози се дека тој број ќе се зголемува и ќе се движи и до 20.000 заболени на дневно ниво, а од Кризниот штаб препорачуваат дека на есен е можна и петта доза на вакцина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Нема ништо необично во тоа што новите соеви се шират побрзо. Засега нема индикации дека тие предизвикуваат потешка клиничка слика од досега познатите соеви омикрони, изјави вирологот Миланко Шеклер за ТВ Прва, и додаде дека ќе има до 15.000, па дури и 20.000 заразени дневно, што е очекувано бидејќи новите соеви многу полесно се пренесуваат и затоа се шират побрзо.

На прашањето зошто корона добиваат луѓето кои ја прележале дури и повеќе пати, како и оние кои биле вакцинирани, тој кажа дека и грипот се враќа ако сме го прележале, така што тоа за никого не е невообичаено.

-Во декември 2020 година реков дека вакцината не е волшебно стапче и дека не треба да се очекува чудо од вакцината – таа служи за полесно поднесување на болеста. Пред се е важен индивидуалниот имунитет, кажа Шеклер.

На прашањето дали доаѓа нов бран на коронавирус, тој изјави дека не го загрижува очекуваното зголемување на заразените, бидејќи новите соеви на Омикрон предизвикуваат многу поблаги форми на болеста. Тој додаде дека разбира зошто некои земји каде што бројот на заразени го надминува бројот на инфицирани во споредба со претходниот бран, немаат воведено посебни мерки.

Членот на Кризниот штаб за борба против Ковид 19, епидемиологот Предраг зборувајќи за бројот на новозаразени во Србија, рече дека не треба да чуди ако има петцифрен број случаи, нагласувајќи дека во моменот е туристичка сезона, а кога е во прашање септември и почетокот на учебната година, објасни дека учениците нема да имаат проблеми доколку клиничката слика е иста како досега.

Тој изјави дека наесен може да се разгледа препораката за петта доза од вакцината.

-Тоа зависи од Националниот комитет за имунизација, кој тоа треба да го следи. Дури ни Израел, кој е пред сите останати, сè уште не ја навел петтата доза како нешто што ќе им го дава на граѓаните, а во Србија сигурно ќе оди побавно отколку во Израел. Но тоа ќе биде на дневен ред наесен, изјави Кон за денешен Курир.

Тој кажа дека поради заразноста на сегашните варијанти на корона вирусот, практично ќе биде неопходна вакцинација на секои три месеци, но дека „далеку пореално е еднаш годишно да се обновуваат бустерите, но не за секого“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени