Србија најавува мерки за справување со приливот на бегалци

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Србија е подготвена за секое можно сценарио околу бегалскиот бран, но дека нема да го забавува миграциското движење во случајот со затворање на границите.

Како што јави Танјуг, нагалсувајќи дека Словенија го забавува движењето на имигрантите со мерката за прием на по само 2,000 лица дневно, Стефановиќ истакна дека Србија ќе преземе мерки за сопствена заштита ако таквата одлука не се промени.

– Кај нас влегуваат по 8.000 лица дневно, а натаму ќе ножеме да пропуштаме само по 2.000. Тоа значи дека дневно ќе остануваат по 6.000 луѓе во Србија. Така за пет дена би имале 20.000 или 30.000 лица кои фактички би останале кај нас и затоа ние бараме решение од Европа, истакна Стефановиќ.

Иако, Словенија и Австрија официјално не ги затворија своите граници, додава српскиот министер, оградите и натаму се градат и движењето на имигрантите е успорено.

Денеска ќе заседава српското Биро за координација на службите за безбедност, а Стефановиќ најави дека ќе се разговара за можните мерки за справување со порблемот со бегалците

На прашањето дали би можел на српскиот премиер Александар Вучиќ да му предложи да го успорат движењето на имигрантите, Стефановиќ рече дека Србија се обидува да биде „коректен партнер“ со сите држави во регионот и дека тоа може да биде само привремено решение и во мал обем.

– Можеме до го забавиме миграциското движење два, три или пет часа, но тоа не значи дека тие имигранти можат да останат тука. Ниту тие го сакаат тоа, ниту Србија има економска моќ да прими толку луѓе, изјави Стефановиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Улиците во Белград се претворија во реки, жена спасена од давење

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ се чека поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Катерина Ѓуровски

Маж од Србија тешко го ранил полицаецот пред израелската Амбасада во Белград

Став на Израел за нападот на полицаец во Белград: Обид за терористички напад

Горан Наумовски

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија