Србија: Лажна тревога за заболен од коронавирус, се применуваат превентивни мерки

Од:

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, во изјава за РТС нагласи дека пациент од Кина за кој во Белград се посомневале дека има коронавирус, по тестирање е откриено дека станува збор за респираторна инфекција.

Тој потенцираше дека Србија има реагенси не само за еден вид коронавирус, туку за четири типа, и дека во рок од два часа тие можат да утврдат дали пациентот е заболен.

„Тој дошол на 13-ти во Белград, првите проблеми му се појавија на 17 јануари, а нашиот здравствен систем одговори на најпрофесионален начин. Тој самиот пријави дека има проблеми. Земена е анамнеза дека бил во погодената област во Кина и веднаш се реагираше како да има вирус – изолиран е, сместен на Клиниката за инфективни болести и направени се сите потребни анализи, рече Лончар.

Тој истакна дека по тестирањето тие биле сигурни дека тој нема коронавирус, туку дека станува збор за инфекција на респираторниот систем. Српските здравстѕвени власти отворија телефонски број на кој лица кои дошле од загрозено подрачје може да пријават здравствени проблеми и сомптоми што може да укажуваат на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија