Србија: Коронавирусот покоси уште двајца млади здравствени работници

Од:

Во само неколку дена, од почетокот на новата година, уште двајца млади медицински работници, кои пандемијата ја поминаа во првите борбени редови, лечејќи ги пациентите болни од Ковид-19 во белградските клиники, ја загубија битката со опасниот вирус, јавуваат српските медиуми.

Во 37-та година од животот, денеска почина анестезиологот Ненад Максимовиќ, кој работел во Клиничкиот центар на Србија, но бил прераспределен на испомош во Клиничко-болничкиот центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

Откако го добил позитивниот тест и развил сериозни симптоми, д-р Максимовиќ бил приклучен на респиратор, но не успеал да се избори со болеста, пишуваат медиумите.

Завчера, пак, 41-годишниот медицински техничар Марко Бјелица, кој работел во Клиничко-болничкиот центар „Бежаниска Коса“, исто така грижејќи се за ковид-пациентите, кои го опишуваат како „еден од хероите“ за време на пандемијата, починал по повеќедневна борба со болеста.

„Беше работник, но и човек за пример. Вложи огромен напор во лечењето на болните, но и во помагањето на колегите кои работеа со него. За жал, не издржа, се лечеше долго и на интензивна нега и не се избори,“ рече неговиот колега од таканаречената „црвена зона“ во клиниката, Слободан Клашња.

Во Србија досега со коронавирусот се заразија над 2.000 здравствени работници, а неколку десетици ги загубија животите.

Би можело да ве интересира

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Еден од тројцата пациент во Болницата во Ниш е во тешка состојба