Србија: Ќе се реновира вилата на Дедиње

Од:

Јованка Броз ја одби понудата по излегување од болница, да биде сместена во куќа која што владата на Србија и ја понуди, пренесе „Данас“.

Потпретседателот на владата, Расим Љајиќ, потврди дека вдовицата на Тито, сака да се врати во руинираната вила на Дедиње и додаде дека во наредните денови ќе разговара со неа за таа одлука.

-Добив информација дека Јованка Броз сака да се врати во старата вила. Ќе ја посетам овие денови и доколку е одлучна во намерата, мора да започнеме со реконструкција на вилата. Ќе го реновираме првиот спрат и ќе обезбедиме адекватни услови за живот во неа – нагласи Љајиќ.

Директорот на Клиничкиот центар на Србија, Миљко Ристиќ, рече дека здравствената состојба на Јованка Броз е стабилна, но дека најмалку уште две недели ќе ја задржат на одделението за интензивна нега во Ургентниот центар.

Vila-Bor-Dedinje-Jovanka-Broz2

-Иако е примена во тешка здравствена состојба, сега се чувствува многу подобро. Подвижна, насмеана и со ведар дух. Неколку лица ја посетуваат, најчесто нејзината сестра, вели Ристиќ.

Осумдесет и деветгодишната Јованка Броз на 23-ти август беше примена во многу тешка состојба во Ургентниот центар. Тогаш во јавноста стана актуелна приказната за условите во кои што живее некогашната прва дама на СФРЈ.

Од смртта на Јосип Броз Тито, таа живее во вилата на Дедиње. Поради долгогодишна негрижа, објектот стана руина.

Поради влагата и неисправната инсталација, малтерот паѓа од речиси сите простории, а со него и дел од ѕидовите. Многу од нив Јованка со години не ги употребува, а мебелот е сметен во неколку простории и е покриен со фолија. И покрај се вдовицата никогаш не се пожалила на условите во кои што живее.

Единствен политичар кој со години ја посетува и посочува на лошите услови во кои живее Јованка е Расим Љајиќ. Благодарение на неговиот анганжман, државата донесе одлука да пронајде нова и привремена куќа за вдовицата, додека вилата не се реновира.

Меѓутоа и самиот тој вели дека вилата е потполно уништена и дека бара голема реконструкција, за која што не може ни да се претпостави колку ќе чини и трае. За нејзино одржување била задолжена Управата за заеднички работи на државните органи.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани