Србија ќе поднесе жалба на одлуката на Интерпол да ја укине потерницата против Харадинај

Од:

Српското Министерство за внатрешни работи најави жалба на одлуката на Интерпол, потерницата која српското правосудство ја распиша за Рамуш Харадинај и уште 17 лица „веќе да не биде на сила“.

– Комисијата за контрола на меѓународни потерници во Лион, седиштето на Интерпол, ја усвои жалбата на УНМИК и вчера одлучи Интерпол повеќе да не ги третира овие потерници, односно да ги избрише од системот, се наведува во соопштението на српското Министерство.

Ресорното Министерство нагласи дека ќе испрати иницијатива до Министерството за правда и Обвинителството за воени злосторства, со цел „заедно да поднесат жалба на одлуката на Интерпол“.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога