Србија ќе испрати протест до ОН по повод присуството на делегацијата од Косово

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека ќе испрати протест до ОН поради присуство на членови на приштинската делегација во зградата на ОН за време на Генералното собрание, кои тоа го злоупотребуваат.

Дачиќ во изјава за белградски медиуми вели дека делегацијата од Косово одделни билатерални состаноци одржуваат и во ходници и тврди дека добиле пропусници и оти тоа го „злоупотребуваат како во случајот со Мароко“.

Шефот на српската дипломатија вели дека делегацијата од Приштина во зградата на ОН е присутна благодарение на пропусница на која стои ознака „О“, што значи – „останати“.

– Искористуваат што на Косово е присутна мировната мисија и преку нивниот департман за мировни операции и поднесоа барање да бидат присутни во ОН, вели Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор