Србија: Двајца пациенти добија вештачки срца

Од:

Триесет и осумгодишниот Милош Гајиќ и четириесет и деветгодишниот Имери Хамдија од Белград се првите пациенти во Србија на кои што кардиохирурзите во Клиничкиот центар во Србија им вградија вештачки срца, пренесува „Блиц“.

И двете интервенции траеле по пет часа, но завршиле успешно.

Вештачките срца ќе ги носат се додека не добијат органи кои ќе одговара за трансплантација.

-Вештачко срце добија двајцата најзагрозени пациенти кои чекаат трансплантација. Им дадовме можност да го дочекаат новиот орган – изјави директорот на Клиничкиот центар, Миљко Ристиќ.

Српските кардиохирурзи во текот на интервенциите имале поддршка од своите хрватски колеги кои од Хрватска пристигнале во Србија , веднаш откако од Италија биле донесени апаратите за вонтелесна циркулација.

-Нашите лекари имаа поддршка од своите хрватски колеги, кај кои беа на обука.Од Загреб пристигна цела екипа, кардиолог, анестезиолог, инфузер дури и инструментарка. Среќни сме поради тоа, бидејќи имаат поголемо искуство –нагласи Ристиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ