Србија чекор поблизу до Геј парада

Од:

Одржувањето на Геј парадата во Белград се’ уште е во знак прашање и покрај одлуката на Уставиот суд која гласи дека „забраната за Парадата во 2011 била противуставна“. Уставниот суд уште еднаш пресуди во корист на маргинализираната ЛГБТ популација на која и се прекршени нејзините права. Сега на потег е државата да одлучи дали повторно ќе се повлече пред заканите на насилниците.

За разлика од повеќето држави во светот, Србија повеќе од една деценија не се поместува од „мртва точка“ во почитување на елементарните права на малцинствата – како правото на собир. На тоа недвосмислено укажуваат забраните за слободно организирање, страшните инциденти, но и атмосферата која ги следеше сите досегашни собири на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Поранешниот судија во Уставниот суд на Србија, Зоран Ивошевиќ објаснува Србија како сериозна држава, мора да собере сила да им се спротистави на оние кои поинаку размислуваат. Според него, можна е да се случи сценариото – тие кои поинаку размислуваат, да имаат сила поголема од самата држава.

– Свеста на граѓаните не е развиена до потребното ниво за да може собирањето на малцинствата да се прифати како нормално – објаснува Ивошевиќ.

Од друга страна, организаторите на Парада 2013 не се оптимистички расположени. Тие се сомневаат дека постои можност да дојде до некои значајни промени. Претставникот на ЛГБТ Србија, Горан Милетиќ, вели дека во секоја демократска држава одлуката на Уставниот суд се смета како конечна и последна, после која не постои можност за никаква жалба и секој државен орган мора да ја почитува.

– Владата во потполност ги занемарува одлуките на судот. Не очекувам некакви големи промени во нивниот пристап. Доколку нешто се промени, тоа ќе биде единствено поради некој политички интерес од нас – вели Милетиќ.

Последната „Парада на гордоста“, симболично беше одржана во „четири ѕида“, поради полициска забрана. Годинешната „Парада на гордоста“ е закажана за септември.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија