Србија бира меѓу Тадиќ и Николиќ

Од:

Србија денеска гласа за новиот претседател. Според последните анкети и анализи предноста е кај Борис Тадиќ. Речиси седум милиони гласачи имаат право да учествуваат во денешното гласање. Според последната анкета, Тадиќ ќе добие 58 отсто гласови додека Николиќ околу 42 отсто.

Во првиот круг од гласањето на 6 мај, Тадиќ, кандидат на коалицијата Избор за подобар живот, доби 25,31 отсто гласови, а кандидатот на Српската прогресивна партија Томислав Николиќ доби 25,05 отсто гласови.

Ќе се гласа и во Косово на 90 избирачки места.

Инаку, според законските одредби во србија, изборните места во Србија отворија во седум часот а се гласа до 19 часот.

 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он