Србија, Австрија, Хрватска и Словенија ќе примат 12.000 бегалци

Од:

Четири од единаесет држави долж западнобалканскиот пат на мигрантите, се обврзаа дека ќе примат вкупно 12.000 бегалци. Четвртина од таа цифра ќе бидат примени во Србија, изјави денеска портпаролката на ЕК, Наташа Берто.

Таа додаде дека Србија ќе прифати 3.000, Австрија 4.000, а Хрватска и Словенија по 2.000мигранти кои ќе бидат распоредени во прифатни центри, јави Танјуг.

Запрашана дали Комисијата е задоволна со таа цифра со огле дека претседателот на ЕК побара сместување на 50.000 луѓе долж западнобалканската рута, Берто даде оптимистичен одговор.

– Планот е да бидат сместени 50.000 луѓе до крајот на годината, а за три дена веќе решивме престој на 12.000, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат