Срби во Вуковар бараат итно да се воведе кирилицата

Од:

Србите во Вуковар побараа од надлежните органи на Хрватска повеќе да не се одложува поставувањето на двојазичните табли, во местата во кои што се направени услови за примена на Уставниот закон.

Како што се наведува во соопштението тие исто така бараат измени и во Статутот на Вуковар, за да се направат правни претпоставки за рамноправна употреба на српскиот јазик и криличното писмо.

Нагласуваат и дека треба да се отфрли можноста да се изврши нов попис на жителите во Вуковар и бараат органите да потврдат дека пописот е завршен во Вуковар, но и во цела Хрватска.

Србите наведуваат дека постои смислен притисок од неформални групи и поединци кои не само што се против кирилицата и српскиот јазик, туку и се против владеењето на правата и Уставот на Хрватска.

-Изненадени сме од силната реакција на неаргументирани обвиненија и притисоци, а уште повеќе сме изненадени од неможноста и неспособноста државата да се спротивстави – пишуваат во соопштението.

Според нив секое одложување на примената на правниот акт претставува победа на оние кои што се спротивставуваат, но исто така ги доведува во сомнеж и искрените намери на државата тоа да го промени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Вуковар нападнати Срби од Сомбор, полицијата гледа и не реагира

Предраг Петровиќ

Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар прват се одбележува како државен празник

Ана Ололовска

Одбележан Денот на сеќавање на жртвите во Вуковар од 1991 година

Емир Латифовиќ

Повторно оштетени двојазичните табли во Вуковар

Емир Латифовиќ