Според „Слободна Далмација“ во САД победи Ромни

Од:

Цел свет изутринава беше запознат со победата на Барак Обама на американските избори. И покрај тој факт, Слободна Далмација на своите читатели им понуди нешто поинаква верзија: „Мит Ромни влегува во Белата куќа„ е ударниот наслов на првата страница на најновото издание на сплитскиот дневен весник.

Во силна желба да понуди најсвежи информации и стручно да ги анализира, сплитскиот весник отиде и чекор натаму и понуди осврт на колумнистот Данко Плевник кој пишува за „успехот на мега работниот проект на Ромни“ и „Грешката на Обама со дистанцирање од крупниот капитал“.

Текстот е поставен во 2.59 изутрина, во време кога анкетите предвидуваа сигурна победа на кандидатот на демократите, а уште
повеќе зачудува фактот дека во самиот текст на 10 страна на весникот пишува дека „Америка има новиот-стар претседател Барак Обама.

Сплитскиот весник направи сличен гаф во 2007. година кога ден по парламентарни избори во Хрватска преку целата насловна страна објави дека победила Социјалдемократската партија, иако на изборите победи ХДЗ.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска