Специјалниот суд за воени злосторства во Косово ќе биде во Холандија

Од:

Седиштето на Специјалниот меѓународен суд за воени злосторства во Косово ќе биде во Холандија, а неговото формирање не може да се очекува пред следното лето, пренесе Танјуг, повикувајќи се на изјава на холандскиот амбасадор во Приштина, Роберт Бош.

-Холандија позитивно одговори на барањето за формирање на овој суд, што соодветствува на нејзините амбиции да биде светски центар на правосудството, но за реализацијата на овој проект, пред се, е потребна одлука на косовскиот Парламент, рече Бош за косовската телевизија РТВ21.

Амбасадорот забележа дека политичката криза во Косово, каде пет месеци по изборите уште нема активен Парламент и Влада, го одлага решавањето на овој проблем.

Тој подвлече дека формирањето на сидот не може да се случи без уставни измени и одобрение од Парламентот, по што треба да се склучи спогодба со Холандија.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица