Специјален декор на главниот булевар во Тирана за Самитот ЕУ- Западен Балкан

Од:

Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре во Тирана го претвори главниот град на Албанија во „срце“ на Европа. На оваа атмосфера соодветствува и празничниот декор на булеварите и улиците кои водат до Конгресната палата, на плоштадот „Италија“, каде утре се среќаваат лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, оценува Топ чанел.

На булеварот „Народни херои“ се поставени албански национални и знамињата на Европската Унија. Исто така, долж булеварот се закачени големи плакати со портрети на европски лидери; на оние од минатото, кои испишаа историја, но и на сегашните. Покрај политичките лидери има и портрети на значајни личности од албанската нација како Исмаил Кадаре.

За овој настан се украсени и просториите на Конгресната палата. Ентериерите се исполнети со штандови и подиуми, кои се украсени со албански народни мотиви, но и со боите на знамето на Европската унија.

Надворешните простории го носат логото на самитот, и заедничките бои на ЕУ и Албанија. Празничниот декор ја надополнува општата ентузијастичка атмосфера што овој самит ја донесе во Тирана, необичен настан што го изразува новото ниво на земјата на меѓународната сцена.

Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на утре во Тирана, е прв самит од ваков вид што ќе се одржува во регионот на Западен Балкан.

Самитот е дел од имплементацијата на стратешката агенда на Европскиот совет 2019-2024 година, а се оценува и како можност да се потврди клучната важност на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, регион со јасна перспектива кон ЕУ.

Неколку метри подалеку, пред хотелот во близина на стадионот “Ер Албанија“, стојат протоколарните тимови на албанската држава и оние на ЕУ за да го координираат секој детал утре за 44-те делегации.

За безбедноста се ангажирани над 2 илјади полициски службеници од сите сектори а небото над Тирана го мониторират и хеликоптери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он