Советот на министри на БиХ ги усвои измените на законот за единствен матичен број

Од:

Советот на министри на Босна и Херцеговина едногласно ги усвои денеска измените и дополнувањата на законот за единствен матичен број (ЕМБ), предложени од Министерството за социјални прашања.

Според законот, Муслиманско-хрватската федерација ќе има пет регистрациски реони, Република Српска – три, а енклавата Брчко ќе биде самостоен реон.

Советот на министри веќе два пати го испраќа предлог-законот за ЕМБ во парламентарна процедура, но и двата пати Парламентот го отфрли.

Законот за ЕМБ се одложува со месеци, затоа што партиите на босанските Срби бараат две административни единици (Република Српска и Муслиманско-хрватската федерација) да имаат одделна граѓанска регистрација, а пратениците муслимани и Хрвати се за единствен систем за цела Босна и Херцеговина.

Без овој закон, новородените деца не можат да бидат регистрирани и не можат да им бидат издавани документи за патување во странство.

Законот за ЕМБ беше повод за протести и блокади на здградата на државните институции во почетокот на јуни, при што демонстрантите држеа 1.500 лица – службеници, пратеници, министри, странски државјани и новинари – затворени во зградата во текот на 18 часа.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина