Состанок на премиерите на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Од:

Во Прага денеска се одржува состанок на премиерите на Вишеградската група и на Западен Балкан, чиј домаќин е чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Станува збор за прва средба на претседателите на владите на земјите од Вишеградската група – Чешка, Полска, Словачка и Унгарија со премиерите на земјите од Западен Балкан.

Тема на состанокот ќе биде јакнење на севкупната политичка и економска соработка меѓу двата региона, а посебен фокус ќе биде ставен на прашањата од областа на инфраструктурата, образованието, финансиската стабилност и климатските промени.

Чешка, како претседавач со Вишеградската четворка, како еден од приоритетите за време на нејзиниот мандат го наведе промовирањето на пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ