Сореца: Ќе го продолжиме со „притисокот“ за започнување преговори за Албанија и Северна Македонија

Од:

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца изјави дека Европската комисија ќе продолжи да врши притисок за започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.

„Европската комисија ќе продолжи да врши „притисок“ “за започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Паралелно, ќе се обиде да ја задржи динамика воспоставувајќи начини за подобрување на пристапниот процес, вклучително и методологијата за проширување и зајакната рамка за инвестирање“, напиша Сореца на Твитер.

Тој сто така нформира дека вчера се сретнал со португалскиот европратеник Изабел Сантос, која е известувач за Албанија на Европскиот Парламент,со која разговарале за изборните и правосудните реформи во Албанија.

„Одлична средба. Разговаравме за актуелната политичка состојба во земјата, вклучително и напредокот во реформите во правосудството и изборните реформи. Подготовките продолжуваат за нејзината посета на Тирана на 20 и 22 февруари , напиша Сореца по средбата во Брисел.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина