Соработник на Бакир Изетбеговиќ е организатор на нападот врз Вучиќ, тврди српското разузнавање

Од:

Српското разузнавање тврди дека главниот организатор на нападот над српскиот премиер Александар Вучиќ за време на одбележувањето на 20-годишнината од геноцидот во Сребреница, е Асим С., соработник на лидерот на босанските муслимани Бакир Изетбеговиќ и висок функционер на владејачката муслиманска Партија на демократска акција, пишува белградсиот весник „Блиц“.

Според весникот српските безбедносни служби располагаат со видео записи и снимки, кои покажуваат дека Асим С. лично учествувал во нападот врз Вучиќ. На една од снимките се гледа како Асим С. облечен во воена униформа и со беретка на главата, фрла камен кон делегацијата на српскиот премиер.

Српското разузнавање наведува дека во Пратијата на демократска акција Асим С. работел на „доверливи прашања“, односно бил одговорен за врски со подземјето.

Во нападот врз Вучиќ учествувала и организацијата од Асим С. група со криминално минато, блиски до командантот на одбраната на муслиманската енклава Сребреница за време на војната Несер Орич, кого Србија го обвинува за злосторства врз босански Срби.

Асим С. на својот профил на социјалните мрежи наедува дека за време на војната бил доброволец во армијата на босанските муслимани, во чија униформа се појавил на церемонијата во Сребреница, и дека два пати бил ранет.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он