Сопственик на телевизијата пријавен во полиција: Се заканувал дека ќе ги убие новинарката и нејзиното дете

Од:

Две лица го пријавиле сопственикот на телевизијата „Ток“ Иван Бегиќ во полициската управа во Приједор дека им се заканувал.

Полициската управа Приједор соопшти дека презема мерки и дејствија по пријава на две лица од Приједор против И.Б. од Бања Лука поради сериозни закани по живот, пишува Српскаинфо.

– За сето наведено е известен обвинителот на Приједор, кој изјавил дека се работи за кривично дело „загрозување на сигурноста“, а под чиј надзор се преземаат натамошни мерки и дејствија – соопштија од ОЈО Приедор.

Според неофицијални информации новинарката Милана Дукиќ и нејзиниот поранешен сопруг Никола Дукиќ го пријавиле во полиција.

Тие за медиумите изјавија дека Бегиќ им рекол дека ќе ги убие, ќе ги распарчи и ќе им го убие детето.

Според нив, тие само побарале од Бегиќ да им ги исплати парите што ги должи.

Иван Бегиќ тврди дека никому не се заканил.

Би можело да ве интересира

Митко Јанчев пријави во полиција дека му се заканува сограѓанин

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид