Солидарна помош од полицискиот синдикат за настраданите семејства на колегите од Србија, БиХ и Хрватска

Од:

Вработените во МВР организирани од Македонскиот полициски синдикат при исплатата на јунската плата издвоија над 400.000 денари упатени како солидарна помош на семејствата на настраданите колеги во водената стихија која на почетокот на јуни годинава ги погоди Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Хуманитарната помош ќе биде упатена со посредство на Полициските синдикати од овие држави, а со исплатата на јулската плата ќе бидат издвоени дополнителни средства од вработените во МВР кои во јуни користеа годишен одмор.

– По барање на колегите од настраданите подрачја, со оглед што екипи на воздухопловната единица на МВР од првиот ден на стихијата помагаа во овие подрачја, овие дополнителни средства ќе бидат доделени на семејствата на трагично загинатите пилоти во хеликоптерската несреќа кај Струмица, соопшти денеска Македонски полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата