Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

Од:

Вкупно 11.250 домаќинства во окрузите Алба, Марамуреш, Салаж, Прахова и Клуж останаа без електрична енергија поради влошената метеоролошка состојба во Романија, соопшти министерот за енергетика, Богдан Иван.

– На терен се мобилизирани 341 екипа со 911 специјалисти кои извршиле над 5.000 интервенции. Се користи тешка механизација, кранови, дронови, па дури и моторни санки, бидејќи многу од дефектите се во тешко достапни предели каде патиштата се сè уште блокирани, изјави Иван на прес-конференција.

Тој вети дека снабдувањето ќе биде нормализирано до крајот на неделата, но предупреди на нови прекини бидејќи од недела се очекува екстремно заладување со температури под нулата. Министерот увери дека земјата има доволно гас за претстојниот период.

– Од следната недела температурите ќе се спуштат до -15 степени, што ќе ја зголеми потрошувачката на гас за 20 проценти. Нашите складишта се полни со 70 отсто од капацитетот, што е значително над европскиот просек, прецизираше тој.

Лошото време предизвика и сериозни доцнења во железничкиот сообраќај од четири до пет часа, особено во реоните на Крајова и Темишвар.

Снежниот бран не го одмина ниту Букурешт, каде првиот снег за годинава го отежна сообраќајот на првиот училиштен ден во 2026 година.

Би можело да ве интересира

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Романскиот претседател ја отфрли идејата за референдум за обединување на Романија со Молдавија

А1он

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење