Снег целосно ја парализира Словенија: Над 160 дрвја паднаа на патиштата, делови од земјата без струја

Од:

Поради снегот што од викендот паѓа во Словенија на коловозите паднаа повеќе од 160 дрвја, а затворени за сообраќај беа неколку патишта.

Најголеми проблеми со снегот има во Штаерска, Корушка, Засавје и Долењски.

На подрачјето на општина Подвелка, поради оштетена електродистрибутивна инфраструктура, потрошувачите се без струја.

Поради паднати дрвја и обилен снег затворени се повеќе патишта и оштетено е едно возило, соопштија од информативниот центар на Дирекцијата за заштита и спасување.

Според најавите на надлежните служби, врнежите се очекува да престанат вечерва.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг