Смртни закани за словенечкиот премиер Јанез Јанша

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се заканувааат со смрт, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, објавија вечерва словенечките медиуми.

Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот.

Полицијата го истражува случајот.

Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и во нив се наоѓала „муниција од поголем калибар“, а закани биле упатени и до членовите на семејството на Јанша.

Се наведува дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на словенечкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг