Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето

Од:

За „ноќ на чистки“ во грчката полиција пишува „Катимерини“ во своето електронско издание, најавувајќи пензионирање или отпуштање синоќа на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби.

Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис ​​Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело на грчката полиција. Јоргос Јанинас и Јоргос Канелос, кои беа на важни позиции во антитерористичката единица и во службата за безбедност во регионот на Атика, заминуваат во пензија со чин генерал-полковник. На нивно место во ист ранг беа унапредени Елефтериос Гарилас и Спирос Склавос.

На располагање и надвор од редовна должност се поставени 14 поранешни високи полициски службеници со чин генерал-мајор. Меѓу нив се поранешниот началник на главниот полициски оддел на Атика, Манолис Дурветакис, началниците на полициските служби во Тракија и Источното Егејско Море, Пасхалис Сиритудис и Лефтерис Дурудус, началникот на дирекцијата за специјални сили Јоргос Балас и други. Уште петмина генерал-мајори се пензионираа, меѓу кои Илиас Косивакис, шеф на Службата за внатрешни истраги и Никос Цецикас, шеф на Дирекцијата за управување и анализа на информации.

Весникот пишува дека промените во полициската команда имаат за цел да испратат порака дека поединци кои имале дури и сомнителна улога во скандалот со прислушувањето, како шефови на чувствителни служби, припаѓаат на минатото на грчката полиција.

Поради оваа афера, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, достави до Парламентот барање за недоверба на Владата на премиерот Киријакос Мицотакис. Гласањето треба да се одржи утре.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент