Словенија заради сушата пред прогласување природна катастрофа

Од:

Поради големата суша која најмногу го погоди земјоделието, Словенија е пред прогласување природна катастрофа.

Според фармери, пченка е засадена на 15.000 хектари во Прекумурје и веќе не може ним да им помогне ниту поплава, а камоли наводнување, јавуваат словенечки медиуми.

На Дравското и Птујско поле исушени се 80 отсто од површините засеани со пченка, а исушени се и 20.000 хектари тревна површина која би требало да прехрани стока.

Од сушата не се поштедени ниту подрачја на кои се засадени лозје и друго овошје. Словенечката Влада се уште не им има исплатено помош ветена на фармерите за ланската суша. Напоредно со дискусиите во јавноста за последиците од овогодишната суша во тек е и расправа за последиците за неангажирање на централните и локални власти во изградба на системи за наводнување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски