Словенија воведе задолжителен карантин за патниците од Србија, БиХ и Косово

Од:

Словенечката Влада ги заостри условите за влез на патниците од некои „трети“ држави надвор од ЕУ, така што од полноќ државјаните на БиХ, Србија и Косово нема да можат да влезат во земјата без да покажат негативен тест за коронавирус или да се согласат на задолжителен 14-дневен карантин.

Државите во кои е забележано поголемо дневно зголемување на пациенти со коронавирус, се ставени на т.н. „црвена листа“ на епидемиолошки несигурни држави, на која веќе се наоѓа С. Македонија.

Бугарија, која досега беше на „зелениот список“, е испратена на понизок „жолт список“, во кој се вклучени и неколку други земји на ЕУ со полоша епидемиолошка состојба, одлучи владата.

Министерот за внатрешни работи на Словенија Алеш Хојс објасни дека потегот е направен поради ризик од внесување на коронавирусот во Словенија и опасност од евентуален втор бран на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски