Словенија е изненадена од Унгарија со поставувањето бодликава жица на заедничката граница за што не била претходно известена, рече словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавац. Медиумите во Словениа пишуваат дека со овој потег за прв пат Будимпешта гради ѕид внатре во Шенгенската зона.
Словенија смета дека не е потребно да се поставува ѕид на границата што почна во четрвтокот кај местото Пинце и продолжи на граничниот премин Долга Вас на кој се уште редовно се одвива меѓународниот транзитен промет.
Унгарија убедува дека мерката е привремена со оглед дека се очекува нов бран бегалци кон земјата.
Словенечките медиуми преупредуваат дека ингарскиот премиер Виктор Орбан со својата политика на изградба на ѕидови станува симбол на непосакуваната “тврдина Европа“ како што некогаш ја доживуваат третите земји.
Словенечката опозиција се чуди на изненаденоста на власта и бара Словенија да се подготви за целосно блокирање на границата кон Хрватска и да така да го дочека големиот бран на бегалци, зашто според нив, прашање на време е кога Австрија и Германија целосно ќе ги затворат границита за прифаќање на тие луѓе.
Словенечката министерка за внатрешни работи Весна Геркеш одговори дека Словенија “не гради ѕидови“ но и дека треба да се почека да се види како ќе се развива бегалската криза.