Словенија: Шенгенската граница е заштитена, Австрија не треба да се грижи

Од:

Министерот за внатрешни работи на Словенија Боштајн Поклукар денеска изјави дека нема причина Австрија да ја продолжи контролата на границата со Словенија и Унгарија.

-Таквата мерка е неоправдана и несразмерна, вели Поклукар, одговарајќи на обвинувањата на министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикл, кој во писмо до Европската комисија најави продолжување на контролата на границата со Словенија и Унгарија.

Поклуркар изјави дека Словенија ефикасно ја штити шенгенската граница.

Кикл, од друга страна, го оправдува својот став со голем број нелегални имигранти и предупредува на „латентна закана од тероризам”.

Поклукар истакна дека заштитата на Шенген зоната е апсолутен приоритет и оти бројот на имигранти е во пораст, поради што Словенија е подготвена да соработува со земјите од Западен Балкан.

Австрија, Германија, Франција и другите членки на Шенген зоната воведоа вонредни гранични контроли во 2015 година, откако голем број бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Африка пристигнаа во Европа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Орбан: Тиса ќе го направи она што Брисел го сака

Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење