Словенија им помага на млади фармери со бесповратни средства до 45.000 евра

Од:

Словенечкото Министерство за земјоделие денеска почна со примање пријави на фармери на кои ќе им се дадат 12 милиони бесповратни средства. Од тие пари, 80 отсто се во рамки на план за рурален развој на Словенија добиени од Европската унија.

За средства може да се кандидираат „млади газди“ на возраст од 18 до 40 години кои за првпат преземаат земјоделски бизнис, а ќе им се одобрат најмногу до 45.000 евра бесповратни средства.

Државата сака со таа мерка да го ревитализира земјоделието во кое се уште доминираат постари фармери. Услов е кандидатите да се стручно оспособени за работа во земјоделлие, да имаат најмалку 10 хектари земја и со тој бизнис да се занимаваат најмалку три години.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски