Словенија ги отежна условите за македонските студенти, сега им бара да покажат по 5.000 евра за секоја студиска година

Од:

Студентите кои не се од земји на ЕУ, а сакаат да студираат во Словенија, мора да докажат дека имаат на располагање најмалку 5.000 евра по академска година за да добијат дозвола за привремен престој, одредено е со неодамнешните измени на Законот за странци.

Претставници на студентите и на универзитетите тврдат дека, покрај тоа што не се јасни, новите правила и го стеснуваат просторот за високо образование во Словенија, објави агенцијата СТА.

Досега странските студенти морале да поднесат писмена изјава од родителите или законскиот старател дека ќе ги издржуваат во текот на студиите во Словенија.

Словенечката студентска организација најави дека ќе се ангажира за измена на новите правила, тврдејќи дека таа најмногу ќе влијае врз словенечкото високо образование.

Студентската организација промовира право на студирање и за Словенците и за странците, со цел да се привлечат најдобрите студенти кои ќе го подобрат високото образование и пазарот на труд во земјата.

Во Словенија студираат 71.960 студенти, од кои 7.680 странци, а 5.527 се од земјите кои не се членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда