Словенија планира да ангажира и приватни фирми за обезбедување во обид да стави под контрола бранот бегалци кои минуваат преку државата.
Државниот секретар во МВР, Боштјан Шефиц изјави денеска дека околу 60-на припадници на приватни фирми за обезбедување ќе и помагаат на полицијата каде е неопходно.
Во изминатите 10 дена над 76.000 мигранти пристигнале од Хрватска во Словенија за да продолжат потоа кон Австрија и Германија.