Словенечкиот парламент не прифати разрешување на претседателот Брглез

Од:

Словенечкиот Парламент го одби предлогот за разрешување на претседателот Милан Брглез,  кого главната опозициска Словенечка демократска партија го обвини дека во едно интервју ја омаловажувал Словенија како држава, ја возвишувал поранешна Југославија и повоените ликвидации и го оправдувал тоталитаризмот.

За смена на претседателот на Парламентот, по маратонската расправа доцна синоќа, гласале само 15 пратеници, а 57 биле против, така што тој останува на функцијата.

Брглез е член на партијата на премиерот Миро Церар и професор по меѓународното право на Факултетот на политички науки во Љубљана.

Бранејќи се од тврдењата дека во разговорот за неделникот „Младина“ покажал непочитување кон сопствената држава и го кршел Уставот и дека поради тоа, како што бараше партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, требал да поднесе оставка, Брглез нагласи дека опозицијата извадила од контекст делови од тоа интервју и ги монтирала како што и одговара, за политичи да биде дисквалификуван.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски