Словенечкиот парламент го потврди Роберт Голоб за премиер

Од:

Словенечкиот парламент денеска го потврди Роберт Голоб за премиер.

За Голоб гласаа 54 пратеници, 30 беа против, а еден глас беше неважечки.

Пред гласањето, Голоб рече дека врз основа на големата доверба што му ја дале на изборите на 24 април, сака да им даде на Словенците „надеж за подобра иднина“ и да им ја врати „радоста во животот“.

Алудирајќи на десничарската влада во заминување предводена од Јанез Јанша во изминатите две години, претседателот на партијата Движење на слободата рече дека граѓаните на изборите покажале дека сакаат да живеат во „нормална состојба“, а не во „постојана неизвесност“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Словенија: Ќе ги почитуваме налозите за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија