Словенечки „план Б‟: 670 километри жица на јужната граница

Од:

Танјуг – Белград 

Словенија подготви „план Б‟ во случај на заострување на миграциската криза, според кој, Љубљана може да одлучи да постави жичена ограда долж целата своја граница со Хрватска, наведоа словенечките медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори во Владата на премиерот Миро Церар.

Ако Германија и другите земји одлучат да ја затворат вратата за бегалците, притисокот на мигрантскиот бран ќе стане неиздржлив, а , според оценка на Љубљана, ако Хрватска се однесува неконструктивно, тогаш ќе биде подигната жичена ограда долж сите 670 километри од граница кон Хрватска, го пренесе Хина пишувањето на словенечките медиуми.

Бидејќи Германија овие денови одбива се повеќе мигранти веќе на границата со Австрија или ги враќа во Австрија, а Австрија најавува заострено воведување на Даблинскиот договор, на тоа мора да се прилагоди и Словенија, истакнаа словенечките медиуми.

Словенечката Влада затоа овие денови прифати „план Б‟ за кој нема официјални информации, но наводно се работи за мерки за намалување и спречување на бегалскиот бран.

За можно заострување на мигрантската криза во Словенија пишува и љубљанскиот весник „Дневник‟. Весникот оценува дека Словенија во тој случај ќе биде подготвена, жичаната ограда која моментно е долга 155 километри, да ја продолжи на сите 670 километри долж границата, која е и надворешна граница на Шенгенот.

Постоењето на таков план  не сакаа да го коментираат бво Кабинетот на Церар, но анонимен владин функционер тоа недвојбено го потврди.

– Секако и тоа е опција, не е проблем таква одлука брзо да се донесе ако веќе и не е усвоена, рече изворот близок до Владата.

Медиумите во Словенија последните денови многу интензивно ја заговараат тезата дека Хрватска во миграциската криза со Словенија се однесувала неконструктивно, како и дека одбива средби на повисоки нивоа на полицијата за спречување на доаѓање на мигранти во Словенија со возови.

Толкувањето дека Австрија може да ги враќа мигрантите во Словенија која ги регистрираше, а е членка на Шенгенот, во Љубљана го одбиваат и наведуваат дека имигрнтите треба да ги примат Грција и Хрватска, исто така членки на ЕУ преку кои поминале, а во кои мигрантите наводно не се правилно регистрирани.

Дозволата за престој која на мигрантите им ја издала Словенија кога влегле во неа, повеќе не важи бидејќи не била навремена и се однесувала само на нивно поминување преку Словенија, толкуваат во словенечката полиција.

Досега најмалку осум европски држави од Словенија побарале да ги прими назад мигрантите кои во неа биле регистрирани, но Словенија ги одби сите досегашни 1.106 барања, наведе „Дневник‟.

Најмногу такви барања имало од Австрија, Швајцарија и Норвешка, наведува весникот, додавајќи дека ако државите северно од Словенија овие денови воведат дополнителни мерки за заострување на политиката на примање на мигранти, Словенија ќе донесе реципрочни мерки и дека само на краток временски период ќе биде подготвена да прими 1.000 бегалци.

Но, во случај на целосно затварање на границите на државите кои до сега примаа мигранти и при продолжување на притисокот на бегалците на шенгенскиот простор, не е исклучено ниту поставување на жичена ограда на целата словенечко-хрватска граница, наведе љубљански „Дневник‟.

За бегалската криза и нејзините последици по Европа во Берлин Церар ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел, на маргините на еден стопански форум во организација на медиумската куќа „Ди Цајт“.

Церар пред состанокот со германската канцеларка, чија политика кон бегалците предизвика се посилен отпор од германската јавност, но и поделба на нејзините коалициски сојузници, порача дека Словенија е одговорна членка на шенгенското подрачје која ги исполнува своите задачи, но дека со земјите на балканската бегалска рута се соочуваат со големи проблеми поради неединствената европска политика која го загрозува Шенгенот и Европската унија, наведе Словенечкото радио.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски