Словенечки експерти: отворањето на границите ја разгорува епидемијата

Од:

Во Словенија се регистрирани четири нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а епидемиолозите предупредуваат дека тоа е директна последица од отворањето на границите, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Националниот институт за јавно здравје во земјата има четири новозаразени лица, што е повеќе за еден во споредба со вчерашниот ден.

Шефицата на Советот против Ковид-19 при Министерството за здравство, Бојана Беовиќ, предупреди дека повторниот пораст на инфекциите со коронавирусот е поради начинот на кој се отворија граничните премини.

„Заострените мерки на границите требаше да останат во сила. Начинот на кој сега се отворија граничните премини е причина за ширењето на вирусот. Овие последни случаи можат да резултираат со повеќе десетици новозаразени со вирусот,“ изјави Беовиќ за Радио Словенија.

Во меѓувреме и премиерот Јанез Јанша предупреди дека Словенија многу лесно може да се соочи со нов втор бран на коронавирусот. Тој упати и порака до Словенците дека доколку не се придржуваат до строгите протоколи, сигурно ќе има повторно воведување на рестриктивни мерки со цел зачувување на јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг