Словенечки агенти убивале Хрвати?

Од:

Публицистот Роман Лељак изнесе докази дека словенечкиот огранок на УДБА, бил вмешан во ликвидација на Хрвати и дека со тоа предизвикал голем потрес на словенечката политичка сцена. Лељак изјави дека тогашниот началник на Службата за државна безбедност на Словенија, Јанез Земљариќ, одобрил ликвидација на хрватскиот емигрант Никица Мартиновиќ во 1975 година во Клагенфурт.

Тој изјавил дека поседува документ, кој веќе го проследил до германското правосудство, кое го терети Јосип Перковиќ во случајот со убиството на Стјепан Ѓурековиќ, пренесе „Дневно.хр“.

udba-s

Словенечкиот државен архив, во февруари оваа година, за прв пат објави материјали од дејствувањето на УДБА од времето на поранешна Југославија и најави дека во целост ќе го префрли во дигитален облик и ќе и го предаде на јавноста.

Шефицата на Одборот за претставки и човекови права во Словенечкиот парламент Ева Иргл, доставила 46.716 потписи за распишување референдум против затворање на архивот на УДБА.

-Архивот на поранешна УДБА настана во мај 1990 година, а според нашиот актуелен закон тој е достапна на граѓаните, особено во поглед на Удбините функционери.

– Владата на Борут Пахор се обиде да го затвори во 2011 година, но луѓето со референдум цврсто одлучија дека архивот мора да остане отворен- рече таа во едно интервју и додаде дека ќе се обиде да го спречи секој обид на актуелната власт да го затвори архивот, па дури и по цена на нов референдум.

evaIrgl

Таа потсети дека резолуцијата на Европскиот парламент налага дека државите членки мора да го подржат документирањето на комунистичките злосторства, што особено се однесува на отворање архиви на поранешните безбедносни служби, тајната полиција и разузнавачките служби.

Инаку Лељак тврди дека во архивите пронашол докази дека претседателот на некогашна СФРЈ, Јосип Броз Тито бил одговорен за повоените злосторства во Словенија и Хрватска и дека за сите злосторства на комунистичката диктатура знаеле членовите на Централниот комитет.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија

Македонија и Србија ќе делат стан во Трст, наследството од поранешната Југославија

На возраст од 101 година почина поранешниот функционер на СФРЈ Бранко Мамула

Ана Ололовска