Словенците го ратификуваат хрватскиот договор за влез во ЕУ

Од:

Словенечкиот Парламент денеска ќе го ратификува хрватскиот пристапен договор со Европската унија.

На свеченото прогласување на ратификацијата во Парламентот ќе присуствуваат словенечки високи државни функционери, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и министерката за надворешни работи и европските интеграции Весна Пусиќ.

Новата премиерка на Словенија Аленка Братушек изјави дека се радува на влезот на Хрватска во ЕУ, бидејќи, како што рече, тоа е и во интерес на Љубљана, како и дека членството на двете земји во Унијата отвара нови врати за соработка.

Ратификацијата се случува, откако до неодамна изгледаше дека на видик е ново заострување на односите на двете соседни земји, бидејќи Љубљана тој чин го условува со решавање на билатералното прашање за Љубљанска банка.

Изминатите месеци за време на владеењето на владата на десниот центар на Јанез Јанша, тој и министерот за надворешни работи Карл Ерјавец сметаат дека со Хрватска треба да се постигне договор околу Љубљанска банка, кој примарно ќе ги задоволни словенечките интереси, но поради политички несогласувања даваа сосема различни сигнали за темпото со кое хрватскиот договор треба да биде ратификуван.

Изгледаше дека проблемот станува акутен, бидејќи во Словенија поради политичката криза и распаѓањето на владејачката коалиција се повеќе се зборуваше за распишување предвремени избори, што би ја намалило можноста сегашниот состав на Парламентот договорот да го ратификува пред предвиденото влегување на Хрватска во ЕУ на 1 јули. До таков расплет сепак не дојде. а Словенија во меѓувреме доби нова Влада.

Премиерот во заминување Јанша со хрватскиот премиер Милановиќ на 11 март потпишаа меморандум за согласност на двете влади, со кој е усогласено решението за Љубљанска банка да се бара во рамки на сукцесијата, судските тужби против банката во Хрватска да се стават во мирување, а словенечката влада веднаш да покрене постапка за ратификација.

Решението, кое ги задоволи и двете страни го поздрави и Европската комисија, која од почетокот нагласува дека билатералните прашања не смеат да го оневозможат влезот на Хрватска на 1 јули, имајќи предвид дека таа успешно ги завршила преговорите.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС