Скурлетис: Доколку нема спогодба со кредиторите можни се избори

Од:

Грчкиот министер за труд Панос Скурлетис денеска изјави дека доколку преговорите на Грција со кредиторите за деблокирање на последната транша од заемот за земјата не вродат со плод, ќе биде неопходно обраќање кон народот, односно одржување на предвремени парламентарни избори.

На прашањето за можните предвремени избори по изборите од крајот на јануари, кои ја донесеоа на власт радикалната левица СИРИЗА, министерот истакна дека тоа зависи од склучувањето на спогодбата со меѓународните кредитори на Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

– Доколку не постигнеме ништо сметам дека треба да се обратиме кон народот, тој да каже што сака, рече Скурлетис и додаде дека се уште верува дека може да биде постигнат компромис до крајот на јуни.

Анкетата, спроведена кон крајот на минатата недела за радиото Параполитика, покажа силна предност на радикалната левица СИРИЗА на Алекис Ципрас пред конзервативната Нова демократија.

На 30 јуни Грција треба да му врати на ММФ 1,6 милијарди евра по одлуката до крајот на месецот да ги спои сите четири исплати што треба да му ги врати на Фондот во текот на јуни.

– Кон крајот на јуни првенствено ќе бидат исплатени платите и пензиите и потоа благодарение на спогодбата, која ќе ја постигнеме, а која секако треба да биде постигната, ние ќе се посветиме на прашањето за исплаќањата кон ММФ, додаде Скурлетис.

Би можело да ве интересира

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

ВИДЕО: Албанец застрелал тројца пред клуб во Атина

Катерина Ѓуровски

Насилство во Атина: Ја тепал, силувал и ја ограбил партнерката, жената сакала да се убие

Горан Наумовски