Скопје да ги исполни условите, инаку нема преговори за ЕУ, вели фаворитот на бугарските избори, Слави Трифонов

Од:

Република Северна Македонија не може да ги започне преговорите за членство во ЕУ без да ги исполни потребните услови, изјави денеска на предизборен митинг шоуменот и политичар, лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов.

– Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, што претставува и Република Северна Македонија, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари, изјави на предизборен собир со студенти во Пловдив, Трифонов, чија партија според последните анкети е најголем фаворит за победа на предвремените избори во Бугарија на 11 јули.

Коментирајќи ги денешните средби на премиерот Зоран Заев со лидерите на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов и на Бугарската социјалиситчка партија (БСП), Корнелија Нинова, Трифунов истакна дека требало прво да се сретне со претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Стефан Јанев, а не со претседателите овие две партии, кои според него се „небитни луѓе“.

Премиерот Заев денеска во Софија имаше средби со бугарскиот претседаел Радев, премиерот Јанев, како и со лидерите на ГЕРБ и БСП, Борисов и Нинова.

На прес-конференција по средбата со Јанев, премиерот Заев рече дека планот бил да има средби со претставници на четирите најголеми партии во Бугарија, но се одржале средби само лидерите на две од нив, додека другите две неможноста за средба ја оправдале со предизборни активности.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

Трифонов: Веднаш да се врати ветото за прием на Македонија во ЕУ

A1on

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска