По налог на УСКОК во петокот поради сомневање за организирање на проституција уапсен е Мислав Меркаш, еден од најугледните инспектори во одделот за организиран криминал во загребската полиција и повеќе годишен шеф на групата за разбивање на проституција.
Неслужбено се дознава дека Меркаш е првоосомничен во склоп на повеќе месечната акција каде што се уапсени повеќе од 15 луѓе.
Групата каде што главен човек бил Меркаш се сомничи дека организирала подведување на млади девојки во хотелите а за тие потреби изнајмувале и станови.