Скандал во Хрватска: Маж водел гола жена низ селото прикажувајќи ја како прељубничка

Од:

Маж од село во близина на Загреб бил уапсен откако водел гола жена низ селото сакајќи да ја прикаже како прељубничка, а потоа се обидел да го убеди истражниот судија дека всушност е добар човек.

Истражен судија на овој насилник му изрече мерка притвор за да го спречи да го повтори делото.

Како што јави загрепската телевизија N1, мажот бил многу насилен кон сопругата и ја нарекувал со навредливи зборови. Истиот е приведен за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди.

Обвинителството побара да му се одреди мерка притвор за да не влијае врз сведоците, пред се неговата жртва, како и да се спречи да го повтори делото. Судијата го оцени барањето на Обвинителството оправдано и осомничениот е спроведен во затворот Ремитенец.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Маж ја истепа вонбрачната партнерка, но и нејзините две деца

Насилници грабнале 15-годишно момче и го снимале

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот