СИРИЗА доби нов секретар, се отвора патот за реконструкција во грчката влада

Од:

На предлог од грчкиот премиер, министерот за внатрешни работи на Грција, Панос Скурлетис, со 126 гласа „за“ од 144 членови кои што гласаа, синоќа беше избран за нов секретар на СИРИЗА.

Со оваа промена и со отвореното место во Министерството за внатрешни работи, се отвори патот за реконструкција на грчката влада, реконструкција која во Грција се споменуваше уште минатата седмица, но веројатно е дека ќе се случи или во текот на денешниот или во следните денови.

Според грчките медиуми, неколку министри ќе останат непроменети, на нивните досегашни функции. Меѓу нив се шефот на грчката дипломатија, Нккос Коѕијас, министерот за одбрана Панос Каменос, министерот за финансии Евклидис Цакалотос, како и портпаролот на владата Димитрис Ѕанакопулос. Промени ќе има во министерствата за внатрешни работи, за дигитална политика и телекомуникации, за поморство.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент