Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предлага меѓународните мировни сили да останат на Кипар до 31 јули оваа година. Сегашниот мандат им трае до 31 јануари.
– Ги поканувам заинтересираните страни да го зачуваат постигнатото досега во преговорите под покровителство на ОН и да го обноват својот дијалог за решавање на кипарскиот проблем, се вели во извештај на Гутереш кој им е доставен на членовите на Советот за безбедност.