Силувале одметнат член на кланот: Нови грозоморни детали за злосторствата на бандата на Беливук

Од:

По сослушувањата на Вељко Беливук и на неговите соработници откриени се нови детали за монструозноста на злосторствата што ги правела оваа озлогласена група.

Беливук во четвртокот беше сослушуван и во врска со измачувањето на поранешен член на неговата група.

Според неофицијалните информации, момчето, по наредба на Беливук го киндапирала групата „Принципи“ и над него толку се изживувале што човекот бил и силуван.

„Ова момче било член на навивачката група „Принципи“, но Беливук дознал дека тој наводно се зближил со противничкиот табор на трибините предводен од Милош Радисавлјевиќ Кими. Тоа го разбеснело и им наредил на неговите луѓе „да го научат на памет“. Момчето било измачувано повеќе часови и потоа го силувале“ – објаснува извор близок до истрагата.

Белувук негира дека е поврзан со киднаприањето, а негираат и неговите сорабоници. Момчето е под полициска заштита и посетува психијатар.

Криминалната група на Беливук која долго се криеше зад навивачката група „Принципи“ во првата фаза на истрагата беше обвинета за три убистваа. Потоа со првото проширување на истрагата, четворица членови на кланот беа обвинети и за киднапирања.

На сослушувањето, Беливук, а и неговите соработници се бранеа со молчење. Исклучок е Марко Милјковиќ кој заедно со Беливук беа уапсени под сомненеие дека биле организатори на криминална група која извршувала најтешки кривични дела.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он