Силен земјотрес ја погоди Света Гора

Од:

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди грчкиот полуостров Света Гора, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Како што може да се види од мапата на погодената област, земјотресот го погодил западниот брег на Света Гора, недалеку од манастирите Дохијар и Констамонит, околу 10-15 километри јужно од српскиот манастир Хиландар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Грчките медиуми објавија дека земјотресот имал јачина од 5,3 степени, а дека бил почувствуван и во Солун.

Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.

Веднаш по овој земјотрес, ова подрачје беше погодено од уште три послаби земјотреси, од кои најсилниот бил 4,1.

Би можело да ве интересира

Ценовен шок на хрватскиот брег: „Сезоната дури и не започнала, а сокот чини четири евра“

Земјотрес во Грција

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар